Одредби и услови за користење

ВЕ МОЛИМЕ ВНИМАТЕЛНО ПРОЧИТАЈТЕ ГИ СЛЕДНИВЕ ОДРЕДБИ И УСЛОВИ ВО ВРСКА СО ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА НАШАТА ИНТЕРНЕТ СТРАНА.

Овие општи услови ги одразуваат Одредбите и условите за користење на оваа интернет страна. Оваа интернет страна е хостирана од ГЦ ЕУРОПЕ (со седиште на Интерлеувенлаан 33, 3001 Лувен, Белгија).

Со користење на нашата интернет страна, се согласувате со овие Одредби и услови за користење (“Одредби и услови”).

Во секој случај, ние го задржуваме правото, во наша сопствена дискреција, да ги промениме, измениме, додадеме или отстраниме овие Одредби и услови или делови од нив во секое време. Затоа, треба да ги проверувате овие Одредби и услови периодично за модификации. Со користење на оваа интернет страна, по измена на овие Одредби и услови, ние претпоставуваме дека сте се согласиле да ги прифатите овие измени, без разлика дали сте ги прегледале или не. Ако не се согласувате со овие Одредби и услови, не треба да ја користите оваа интернет страна.

1. Ограничувања за користење на материјали
Освен ако не е поинаку наведено, ние Ви доделуваме неексклузивно, непреносливо, ограничено право на пристап, користење и прикажување на оваа интернет страна и материјалите тука обезбедени за Ваша лична, некомерцијална употреба, под услов целосно да ги исполнувате одредбите од овие Одредби и услови.

Вие се согласувате дека оваа интернет страна содржи информации, софтвер, слики, видео, текст, графика, музика, звуци, прашања, креативни предлози, пораки, коментари, повратни информации, идеи, рецепти, забелешки, цртежи, статии и други материјали (во понатамошниот текст заеднички наречени: “Содржина”) кои се заштитени со авторски права, права на база на податоци, патенти, трговски марки, трговски тајни и/или сопственички права, и дека овие права се важечки и заштитени во сите форми, медиуми и технологии кои постојат сега или ќе бидат подоцна развиени.

За други медиуми различни од интернет, Ви го посочуваме нашето “Општи услови на промотивни електронски медиуми”.

Во секој случај, ГЦ Европа е сопственик или корисникот на лиценца на овие права, како резултат на што целата страна е заштитена со авторски права според законите за авторски права (и ГЦ ЕВРОПА поседува авторски права за избор, координација, аранжман и збогатување на таквата содржина). Покрај тоа, сите трговски марки кои се појавуваат на оваа интернет страна се трговски марки на нивните соодветни сопственици. Нашите трговски партнери, добавувачи, огласувачи, спонзори, даватели на лиценци, изведувачи и други трети страни исто така може да имаат дополнителни сопственички права во содржината кои ги ставаат на располагање на оваа интернет страна.

Од оваа гледна точка, вие не може да ја изменувате, објавувате, пренесувате, дистрибуирате, извршувате, да учествувате во трансфер или продажба, да создавате изведени дела, или на било кој начин да ја експлоатирате содржината, било во целост или во дел. Кога содржината е симната на вашиот компјутер, вие не добивате било каков сопственички интерес во таквата содржина. Модификацијата на содржината или употребата на содржината за која било друга цел, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, користење на било која содржина во печатена форма или на било која друга интернет страна или мрежно поврзани компјутери е строго забрането, освен ако не добиете претходна писмена согласност. Исто така Ви е потребна претходна писмена согласност од ГЦ Европа за правење на хиперврска до нашата интернет страна.

Конечно, се обврзувате да не презематe никакви дејствија кои наметнуваат неразумни или несразмерно големи оптоварувања на инфраструктурата на интернет страната или да се обидувате да се мешате во правилното работење на оваа интернет страна.

2. Заштита на податоци
Ние сме посветени на заштита на Вашата приватност и безбедност. Сите лични податоци кои ги собираме од Вас кога ја користите нашата интернет страна ќе се обработуваат во согласност со нашата Политика за приватност. Со користење на оваа интернет страна, Вие се согласувате со оваа Политика за приватност.

3. Барање за примероци
Следниве услови се однесуваат на сите барања за примероци:

  • Понудата важи додека има производи на залиха.
  • Примероците се ограничени на еден примерок за еден клиент.
  • Достапни се единствено на пазари кои ги поддржуваат кампањите за бесплатни примероци.
  • Примероците може да ги побарате единствено во земјата во која сте вие регистрирани.
  • Ве молиме,согласете се со достава до шест недели.
  • Примероците нема да бидат испратени на адреси надвор од земјата во која сте вие регистрирани.
  • ГЦ ЕВРОПА има дискреционо право да го одбие барањето за примероци.
  • ГЦ ЕВРОПА ги задржува правата да ги прекине или промени овие понуди во секое време.
  • Овие бесплатни примероци не смее да се продаваат, или со нив да се тргува.
  • Некомплетната регистрација нема да се земе во предвид.

4.Одрекување од гаранции
Ве молиме обратите внимание на следниве важни одрекувања од гаранции:

  • Содржината и материјалите на оваа интернет страна се дадени “како што се” и без гаранции од било каков вид, било експлицитни или имплицитни. Освен ако е забрането со закон, ние се одрекуваме од сите гаранции, експлицитни или имплицитни, вклучително, без ограничување на имплицирани гаранции на можност за продажба, задоволителен квалитет и погодност за посебна намена, компатибилност, безбедност или точност;
  • Ниту ГЦ ЕУРОПЕ, некоја од нашите подружници, ниту било кој од нашите или нивните соодветни даватели на лиценца, корисници на лиценца, сервис провајдери или добавувачи не гарантираат дека оваа интернет страна или било која функција содржана на оваа интернет страна ќе биде непрекината или без грешка, дека сите дефекти ќе бидат коригирани, или дека оваа интернет страна или услугите кои ги дава оваа интернет страна се без вируси или други штетни компоненти.

Освен во случај на намерна злоупотреба, ГЦ ЕУРОПЕ - дури и во случај на грубо невнимание - нема исто така да биде одговорна за:

  • Примероците се ограничени на еден примерок за еден клиент.
  • Достапни се единствено на пазари кои ги поддржуваат кампањите за бесплатни примероци.
  • Примероците може да ги побарате единствено во земјата во која сте вие регистрирани.
  • Ве молиме,согласете се со достава до шест недели.
  • Примероците нема да бидат испратени на адреси надвор од земјата во која сте вие регистрирани.
  • ГЦ ЕВРОПА има дискреционо право да го одбие барањето за примероци.
  • ГЦ ЕВРОПА ги задржува правата да ги прекине или промени овие понуди во секое време.
  • Овие бесплатни примероци не смее да се продаваат, или со нив да се тргува.
  • Некомплетната регистрација нема да се земе во предвид.

Овие општи услови се применуваат во целиот обем дозволен со закон. Вие недвосмислено разбирате и се согласувате дека (во целиот обем дозволен со закон) ние и нашите подружници нема да сносиме одговорност за било каква директна, индиректна, инцидентна, специјална, последователна, примерна или казнена штета или за било каква друга штета. Ако сте незадозволни со некој дел од нашата интернет страна, или со некој од овие одредби и услови, Вашето единствено и ексклузивно правно средство е прекинување на Вашата употреба на оваа интернет страна.

5. Линкови до сајтови на трети страни
ГЦ ЕУРОПЕ може да обезбеди различни видови на линкови до интернет страни на друга (трета страна) кои не се во сопственост, контролирани или користени во целост или делумно од ГЦ ЕУРОПЕ. Линковите до такви интернет страни на трета страна се дадени само за Ваше олеснување и информација.

Содржината на било која од тие интернет страни на трета страна не е под контрола на ГЦ ЕУРОПЕ, и ако одлучите да пристапите до таква интернет страна, тоа го правите целосно на Ваш личен ризик. Фактот дека ГЦ ЕУРОПЕ обезбедува линкови до интернет страна на трето лице, не значи нужно дека ГЦ ЕУРОПЕ ја поддржува, овластува или спонзорира таа страна или дека е поврзана со таа трета страна. Секое споменување на производи или услуги на трета страна кои се дадени само за Ваше олеснување и информација, не претставува прифаќање или препорака за тие производи или услуги од страна на ГЦ ЕУРОПЕ.

Исто така, интернет страна во сопственост, контролирана или користена во целост или делумно од трети страни може да обезбеди линкови до оваа интернет страна. Во принцип, таков линк не може да се обезбеди без претходна писмена согласност од ГЦ ЕУРОПЕ. Во секој случај, дури и кога се согласуваме, ГЦ ЕУРОПЕ нема одговорност да ја испита содржината на овие интернет страни и нема влијание или кажано нешто во содржината или други карактеристики на тие интернет страни.

6. Надомест на штета
Вие се согласувате да и надоместите штета, да ја заштитите и, по наша проценка, да ја браните ГЦ ЕУРОПЕ и нашите подружници, и нашите и нивните службеници, директори, вработени, акционери, агенти и претставници од било каков вид на побарувања, одговорност, штети и/или трошоци од трета страна (вклучително, без ограничување на адвокатски такси и трошоци) кои произлегуваат од неправилна употреба на оваа интернет страна, прекршување на Ваша страна на Одредбите и условите, или Ваш прекршок, или прекршок или користење од било кој друг корисник на Вашата сметка во врска со оваа интернет страна (на пример: кршење на било која интелектуална сопственост или друго право на било кое лице или субјект).

7. Важечки закон и избор на форум
Овие Одредби и услови ќе се водат и ќе се толкуваат според законите на Белгија, без давање на ефект на принципите на судир на закони. Вие се согласувате дека секое законско дејствие или во главнината, а кое произлегува или е во врска со употребата на оваа интернет страна или овие Одредби и услови ќе се достави само пред судот во Лувен (Белгија) и со ова се согласувате и ќе доставувате до лична надлежност на тој суд за целта на водење постапка за таквото дејствие.

8. Останати одредби
Ако било која одредба од овие Одредби и услови е незаконска, ништовна или поради било која причина е неправосилна, тогаш ќе се смета таа одредба разделена од овие Одредби и услови и нема да има ефект врз важноста и спроводливоста на било кои преостанати одредби. Овие Одредби и услови, заедно со нашата Политика за приватност се целиот договор помеѓу Вас и нас во врска со тука наведената предметна работа.

Оваа интернет страна е управувана од ГЦ ЕУРОПЕ Н.В. (компанија основана во Белгија, со седиште на Интерлеувенлаан 33, 3001 Лувен, Белгија). Доколку имате некакви прашања или проблеми, може да не контактирате по е-маил на info.gce@gc.dental или по пошта на горе наведената адреса.